Тука си: Почетна » Вести » Договор со Верона за Итурбе. Се разговара и за Ромуло
Договор со Верона за Итурбе. Се разговара и за Ромуло

Договор со Верона за Итурбе. Се разговара и за Ромуло

Facebook Twitter

Јувентус и Верона се пред договор за Хуан Итурбе кој се очекува да потпише за Јуве за сума од 25 милиони евра. По долги преговори, бјанконерите најверојатно  ја добиваат трката за 21 годишниот фудбалер пред екипите на Атлетико Мадрид, Милан и Рома кои беа најзагреани за аргентинецот кој имаше одлично деби во Серија А минатата сезона.

Но, покрај Итурбе, двата клуба разговараат за уште за еден фудбалер. Станува збор за 27 годишниот Ромуло Соуза кој настапува на десната страна во одбраната и средниот ред. Во евентуалниот договор би можеле да бидат вклучени некои фудбалери на Јувентус за кои интерес пројавува екипата на Верона, пред се Падоин, Мароне и Де Чеље.

Извор: Goal.com Italia

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!