Тука си: Почетна » Вести » Берарди од летово во Јуве?
Берарди од летово во Јуве?

Берарди од летово во Јуве?

Facebook Twitter

Деновиве во Италија се’ погласни се шпекулациите кои го поврзуваат Доменико Берарди со екипата на Јувентус. Иако Берарди е во ко-сопственост помеѓу Јувентус и Сасуоло, најавите беа дека фудбалерот ќе остане и следната сезона во екипата на Сасуоло каде сезонава беше најзаслужниот што неговиот тим обезбеди опстанок во Серија А.

Сепак, деновиве се повеќе се зборува за желбата на Конте да го види Берарди во црно-белиот дрес веќе од следната сезона, интерес кој го потврди и агентот на фудбалерот.

Двата клуба треба да се сретнат и да одлучат за неговата иднина. Изгледа дека Јуве сака да го земе, но и Сасуоло сака да го задржи. Желбата на фудбалерот ќе биде одлучувачка.” – истакна Гали.

Берарди, кој има 19 години, имаше одлична дебитантска сезона во дресот на Сасуоло во Серија А, постигнувајќи 16 голови. Тој важи за еден од најголемите таленти во италијанското калчо и фудбалер на кој му се предвидува светла иднина.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!