Тука си: Почетна » Вести » Азамоа: Сакам да ја завршам кариерата во Јувентус
Азамоа: Сакам да ја завршам кариерата во Јувентус

Азамоа: Сакам да ја завршам кариерата во Јувентус

Facebook Twitter

Репрезентативецот на Гана во редовите на Јувентус истакна дека и покрај интересот на другите клубови, размислува само за едно нешто, а тоа е црно-белиот дрес.

Интересот на Арсенал? Потпишав нов договор со Јувентус и тоа ми е најважно. Не се гледам себе си во некој друг клуб.”

Мојот сон е да ја завршам кариерата во Јувентус. Многу фудбалери би сакале да се на моето место и да го носат овој дрес, но јас ја имам таа среќа.” – истакна Квадво.

Азамоа е на подготовки со репрезентацијата на Гана за светското првенство во Бразил, по што најавува атак на четвртата последователна титула во домашното првенство, како и што подобар пласман во Лигата на Шампионите.

Мојата иднина е во Јувентус. По Светското првенство ќе се обидеме повторно да ја освоиме Италија и Европа, каде сакаме да оставиме подобар впечаток од минатата сезона. ” – заврши Азамоа.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!