Тука си: Почетна » Вести » Конте: ‘Поразот е како смрт’
Конте: ‘Поразот е како смрт’

Конте: ‘Поразот е како смрт’

Facebook Twitter

Тренерот на Јувентус за прв пат ја отвори душата и јавно проговори за искуството по доаѓањето во клубот, состојбата која ја затекна и издигнувањето на тимот од очајната состојба по двете катастрофални сезони пред неговото назначување за тренер.

Кога пристигнав во Јувентус имав голема поддршка од навивачите, а во клубот имаше фудбалери кои не заслужуваа да бидат седми две години по ред. Меѓутоа, кога тимот завршува двапати на седмата позиција, тоа значи дека нешто недостасува. Но, јас имав цврста намера да им дадам на знаење на луѓето кои сме ние, што претставуваме во Италија, дресот кој го носиме и историјата зад нас.” – истакна Конте пред група на работници на Фиат во Мелфи.

Тоа беше многу важно. Нешто на што не требав да работам многу во изминатите две години беше ентузијазмот, бидејќи кога прв пат пристигнав тимот беше запуштен и имаше страшна потреба од надеж. “

И навистина, не ни требаше премногу време за да се осветли тој пламен повторно. Мислам дека првата сезона беше нешто навистина неверојатно, бидејќи го освоивме Скудетото без пораз и надминавме тимови кои беа многу подобро изградени од нас – мислам пред се на Милан, Интер, а исто така и Наполи.”

Победувањето никогаш не е исто задоволство двапати. Победувањето ми дава физичка и психолошка благосостојба. Поразот пак, го доживувам како ненадејна смрт. Тоа е причината поради која моите играчи сакаат да ги избегнат поразите.”

Запрашан за Погба и Видал, Конте нагласи.

Погба направи џиновски чекори и имаше огромен напредок за многу краток период. Тој е доказ дека доколку имате талентирани млади фудбалери, треба да им дозволите да играат. Видал? Се додека не забележам некои поинакви докази, тој ќе остане со нас.

Извор: football-italia.net

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!