Тука си: Почетна » Вести » Марота: ‘Го сакаме Санчез’
Марота: ‘Го сакаме Санчез’

Марота: ‘Го сакаме Санчез’

Facebook Twitter

Бепе Марота го потврди интересот на Јувентус за напаѓачот на Барселона, Алексис Санчез.

Алексис е тема број еден кога станува збор за летниот трансфер пазар на бјанконерите, а неодамна медиумите во Италија излегоа и со информација според која самиот фудбалер ја дал својата согласност за премин во Јувентус.

“Ние сме во потрага по сестран играч кој може да настапува на повеќе позиции. Сакаме брз крилен напаѓач.”

“Би сакале да имаме фудбалер како Санчез, но нема многу фудбалери како него во моментов.” - истакна Марота.

Сепак, неговото ангажирање нема воопшто да биде лесно, со оглед на сумата која ја плати Барселона за негово доведување од екипата на Удинезе.

Не треба да заборавиме дека Барселона вложи многу за негово купување. Но, сепак тој е фудбалер кој би сакале да го имаме во тимот за следната сезона.” – заврши Марота.

Напаѓачот одигра одлична сезона во дресот на Барселона, постигнувајќи 19 голови во Примера, а притоа забележа и 11 асистенции.

Извор: goal.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!