Тука си: Почетна » Вести » Липи: ‘Конте го препороди Јуве и мора да остане’
Липи: ‘Конте го препороди Јуве и мора да остане’

Липи: ‘Конте го препороди Јуве и мора да остане’

Facebook Twitter

Деновиве најактуелна тема во Италија е тренерот на Јувентус и неизвесноста околу неговата иднина. Конте најави дека сериозно ќе размисли за својата иднина во клубот и е отворен за сериозно разгледување на нови проекти во иднина.

Со свој став околу целата таа ситуација се јави и поранешниот тренер на Јуве, Марчело Липи.

Антонио го препороди Јувентус. Тој е во право кога вика дека е многу тешко да се достигне нивото на најдобрите клубови со така ограничен буџет.”

Еден од најтрофејните тренери во историјата на клубот смета дека Конте мора да остане во Јуве, а негова желба е тоа да биде на што подолг период.

Сепак, мене ми се допаѓа идејата Конте да биде како Фергусон.” – истакна Липи.

Иако беше најавен состанок помеѓу управата на клубот и тренерот за минатата недела, сепак до него не дојде. Медиумуте најавуваат можна средба во следните неколку денови, бидејќи и самиот тренер, а и од клубот сакат што побрзо да стават крај на целата оваа ситуација, која се надеваат дека ќе се заврши со среќен крај, односно останување на Конте во Јувентус.

Во меѓувреме, медиумите шпекулираат го имиња кои би биле можни наследници на Конте. Манчини, Спалети, Алегри, Монтела, Михајловиќ, Донадони, па дури и Зидан се споменуваат како негови следбеници доколку не биде постигнат договор помеѓу двете страни.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!