Тука си: Почетна » Вести » Дортмунд на средба со Јуве за Имобиле
Дортмунд на средба со Јуве за Имобиле

Дортмунд на средба со Јуве за Имобиле

Facebook Twitter

Екипата на Борусија Дортмунд е сериозно заинтересирана за ангажирање на моментално најдобриот стрелец во Серија А, Чиро Имобиле.

24 годишниот напаѓач кој е во ко-сопственост помеѓу Јувентус и Торино сезонава игра во одлична форма со што го привлече вниманието на ‘милионерите’ кои го посакуваат фудбалерот како замена за Роберт Левандовски кој летово заминува во екипата на Баерн Минхен.

Делегација на германците предводена од спортскиот директор на тимот од Дортмунд, Михаел Цорк, денес беше во Торино на преговори со Јувентус. Германците веруваат дека бјанконерите ќе најдат договор со Торино за втората половина од договорот на Имобиле, и токму затоа ги започнаа преговорите со Бепе Марота.

Првичната понуда за Имобиле била 15 милиони евра, што сепак не ги задоволува апетитите на двата клуба кои се надеваат на сума од околу 20 милиони евра.

Според истиот извор, фудбалерот веќе има постигнато договор за личните услуги со ‘милионерите’ според кој би заработувал 2 милиони евра годишно во следните 5 сезони.

Извор: gianlucadimarzio.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!