Тука си: Почетна » Вести » Јуве тргнува по Мората
Јуве тргнува по Мората

Јуве тргнува по Мората

Facebook Twitter

Јувентус е сериозно заинтересиран за 21 годишниот напаѓач на Реал Мадрид, Алваро Мората.

Еден од условите на Конте за останување во клубот е ангажман на млади фудбалери кои ќе бидат долгорочно решение и ќе го носат товарот во следните сезони, а Мората е токму таков профил на фудбалер.

Остварен е контакт со Реал околу фудбалерот, за кој шпанците бараат обесштетување од 15 милиони евра, но и клаузула за враќање на фудбалерот во Мадрид во иднина.

Јуве е спремен да ја плати бараната сума, но не е подготвен да ја прифати споменатата клаузула.

Напаѓачот во скромната минутажа од 524 одиграни минути сезонава во Примера постигна 6 голови.

Извор: Goal.com Italia

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!