Тука си: Почетна » Вести » Раиола: Погба не е на продажба
Раиола: Погба не е на продажба

Раиола: Погба не е на продажба

Facebook Twitter

Мино Раиола, агентот на Пол Погба, откри детели од средбата со раководството на Јувентус која ја имаше во текот на минатата недела.

Раиола, изјави дека од клубот му соопштиле дека Погба не е на продажба.

На состанокот минатата недела од Јувентус ме информираа дека Погба не е на продажба.”

Агентот на најдобриот млад фудбалер во светот, истакна дека неговиот клиент е задоволен од својот престој во Торино и дека би заминал од клубот единствено доколку сите го посакуваат тоа.

“ Тој не мора да си оди, добро му е во Торино. Погба ќе замине само доколку сите страни се согласат на тоа и доколку стигне правата понуда во правото време.”

Најзаслужен за доаѓањето на Погба во Јуве е Павел Недвед, открива тој.

По разговорот со Недвед бев убеден дека го носам Погба во чесен и многу ценет клуб. Павел мора да добие признание за преминот на Погба во Јуве. Отсекогаш му верував него.” – заврши Раиола.

Мино Раиола беше агент и на Павел Недвед, се до пензионирањето на чехот во 2009-тата година.

Извор: tuttosport.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!