Тука си: Почетна » Вести » Бонучи и Лихштајнер суспендирани за мечот со Болоња
Бонучи и Лихштајнер суспендирани за мечот со Болоња

Бонучи и Лихштајнер суспендирани за мечот со Болоња

Facebook Twitter

Леонардо Бонучи и Стефан Лихштајнер се суспендирани за следниот натпревар од Серија А против екипата на Болоња. Мечот се игра во сабота од 18.30 часот во Торино.

Бонучи иако не настапи на вчерашниот натпревар против Удинезе успеа од клупата за резерви да заработи жолт картон кој е осми за него сезонава по што автоматски следува пауза од еден натпревар, што е втора суспензија за него во тековната сезона.

Лихштајнер пак го заработи четвртиот жолт картон сезонава и ова ќе биде прв натпревар за него сезонава кој ќе го пропушти поради суспензија.

Кај гостите од Болоња нема казнети фудбалери за овој натпревар.

Извор: legaseriea.it

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!