Тука си: Почетна » За Јуве » Легенди » Антонио Конте

Антонио Конте

Facebook Twitter

Пред Клаудио Маркизио да дојде, имаше уште еден голем играч од средината на теренот со бројот 8 во Торино. Неговото име е Антонио Конте.

Откако пристигна во Јуве од Лече на 22 годишна возраст во 1992, Конте беше се што треба да биде еден вистински Jувентино. Неговата работна етика беше споредлива само со еден играч – Павел Недвед. Работеше понапорно од кој и да било на теренот, трчајќи без престан 90 минути.

conte_igrac

 

Конте беше синоним за чистa борбеност и одлучност. Кога најмногу требаше, секогаш беше тука, постигнувајќи  важни голови. Звучи како материјал за капитен. И Конте беше токму тоа. Пред да му ја додели капитенската лента на Алесандро Дел Пиеро, кој ја презема во 2001 година, Конте беше капитенот. Не можеше да се побара подобар капитен; капитен кој што го оставаше срцето и го носеше тимот до успеси. Во една прилика навивачите напишаа за него:”Без тебе, нема да одиме далеку, Антонио Конте е нашиот капитен. Мислам дека навивачите ги ценат моите карактеристики на и надвор од теренот. Со мене секогаш биле навистина фантастични. Во најтешките моменти секогаш беа блиску до мене, демонстрирајќи топлина и симпатија”.   Антонио Конте на почетокот на кариерата има кажано “сакам да ја завршам мојата кариера со само два дреса, оној на Јувентус и на Лече. Како и да е, разбирам дека тоа ќе биде многу тешко со оглед на тоа дека фудбалот е сменет”. Но на крај Антонио успеа во тоа да ја заврши кариерата во Јувентус.

Antonio-Conte

За време на неговиот престој во Јуве, Конте освои 5 скудета, 1 куп на Италија, 1 куп на шампиони, 1 куп на Уефа, 2 суперкупа на Италија и 1 интертото, постигна 44 гола во 419 одиграни натпревари. Конте се пензионираше сезоната 2003-2004. Grazie Conte!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!