Тука си: Почетна » Вести » Конте: Титулата сеуште не е освоена
Конте: Титулата сеуште не е освоена

Конте: Титулата сеуште не е освоена

Facebook Twitter

Тренерот на Јувентус е задоволен од освоените три бода на натпреварот против Ливорно, но сепак истакнува дека борбата за титулата сеуште не е завршена.

Сеуште не е готово. Ова е фантастична сезона во која два тима рушат рекорди и постигнуваат извонрендни резултати. Треба да им се честита на Јувентус и Рома за тоа. До крајот има уште шест кола и може се да се случи.”

Конте се осврна на претстојниот реванш натпревар од Европа Лигата против Лион кој се игра во четврток во Торино.

Би било одлично да се пласираме во најдобрите четири тимови, како за италијанскиот фудбал, така и за Јуве. Лион има неколку добри играчи во нападот, па дуелот е далеку од завршен. Се надевам дека стадионот ќе биде исполнет и фановите ќе им помогнат на момците во остварување на целта.” -заврши тренерот на Старата Дама.

Извор: football-italia.net

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!