Тука си: Почетна » Вести » Јувентус арената распродадена за натпреварот против Ливорно
Јувентус арената распродадена за натпреварот против Ливорно

Јувентус арената распродадена за натпреварот против Ливорно

Facebook Twitter

По победата на Стад Жерлан во Лион во рамките на првиот 1/4 финален натпревар од Европа Лигата, бјанконерите се враќаат во Торино каде ги очекуваат два натпревари на домашен терен.

Првиот е во рамките на 32-то коло од Серија А против екипата на Ливорно, натпревар кој ќе се одигра во понеделник од 19 часот.

Како што соопштуваат од клубот, билетите за овој натпревар се комплетно распродадени.

За разлика од натпреварот со Ливорно, сеуште има билети во слободна продажба за реванш мечот од Европа Лигата против екипата на Лион. Овој натпревар ќе се одигра во четврток 10 април од 21.05 часот.

Извор: juventus.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!