Тука си: Почетна » За Јуве » Легенди » Едгар Давидс

Едгар Давидс

Facebook Twitter

Едгар Давидс е холандски фудбалер кој играше на позицијата дефанзивен плејмејкер, т.е. помеѓу средниот ред и одбраната, а производ е на фудбалската школа на Ајакс. Давидс се карактеризира со фантастични технички способности, дриблинг, брзина, борбеност и одличен преглед на играта. Неговиот најголем квалитет е тоа што тој НИКОГАШ не се откажува.

Во Италија пристигнува во 1996 година, а по една неуспешна сезона со Милан – преминува во Јувентус во 1997 година каде останува до 2004. Во текот на тие 7 сезони во Јуве, освојува 3 скудета (1998, 2002, 2003), а настапува и на две финалиња во Лигата на Шампионите во 1998/99 и 2002/03. Едгар Давидс се смета за еден од најдобрите на играчи на сите времиња на својата позиција. Неговиот прекар Пит Бул говори за агресијата и енергијата со која тој успеваше да го крене целиот тим. Марчело Липи во една прилика има изјавено: „Давидс е мојот човек-мотор на екипатa“.

edgar-davids-2

Една од највпечатливите изјави која ја има дадено гласи:

„Со Јувентус научив да победувам. Не знам како се случи. Тоа е нешто што се дише во воздухот во соблекувалната, тоа се концепти и размислувања кои се пренесуваат од играч на играч, тоа е чувство кое ти го пренесуваат милиони навивачи и нема ниту еден друг клуб на светот што ти го прави овој ефект!“

Давидс беше и остана миленик на публиката, а како потврда за ова, во анкета за 50-тата ѕвезда на новиот стадион, Давидс убедливо победи.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!