Тука си: Почетна » Вести » Јувентус – Ливорно за Џервазони
Јувентус – Ливорно за Џервазони

Јувентус – Ливорно за Џервазони

Facebook Twitter

Андреа Џервазони ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Јувентус и Ливорно кој се игра во понеделник од 19 часот во Торино.

Тој е главен судија во Серија А од 2006-тата година, а досега на бјанконерите им судел вкупно 12 пати, од кои 10 во првенството на кои Јувентус забележал 7 победи.

Џервазони сезонава судеше на натпреварот против Сампдорија во Торино кој Јувентус го доби со 4:2.

Негови помошници ќе бидат Лонго и Де Лука, четврт судија е Сталоне, а зад головите ќе бидат Томази и Аурелиано.

Извор: aia-figc.it

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!