Тука си: Почетна » За Јуве » Легенди » Гаетано Ширеа

Гаетано Ширеа

Facebook Twitter

Го започнуваме серијалот „Легенди“ со можеби најголемиот играч и спортсмен што го носел црно-белиот дрес. Се работи за Гаетано Ширеа (Gaetano Scirea). Во своите поминати 14 години во Јувентус (1974-1988) има освоено се’ можно:

  • 7 Скудета
  • 2 Купa на Италија
  • 1 Куп на победниците на куповите (КПК)
  • 1 Еуро куп (денешна Лига на Шампиони)
  • 1 Еуро Супер куп
  • 1 Интерконтинентален куп
  • 1 Светско првенство

Играл на позицијата либеро, која првично е зачната од Бекембауер, а веќе не е популарна кај денешните тренери. Поседувал неверојатна фудбалска интелегенција, смиреност, одлично тактичко познавање и голема елеганција во својата игра. Интересен и фасцинантен податок кој говори за неговата коректност на теренот е тоа што никогаш во својата кариера нема заработено црвен картон – иако имал дефанзивна улога.

Често знаел да повлече и да организира напади кои резултирале со голови. Тој самиот ги има постигнато 24 на 377 изиграни натпревари за Јуве.

Познат и ценет бил како огромен спортсмен, хуманист, скромен и едуциран човек т.е. фансастичен пример за тоа како треба да изгледа еден капитен.

Во 1987/1988 ја завршува својата фудбалска кариера и прифаќа работа како скаут во Јувентус.

На 3-ти септември 1989, враќајки се од скаутска мисија во Полска, загинува во сообраќајна несреќа.

Неговото име и ден денес е синоним за фер плеј и многу наградни церемонии го носат неговото име. Трибината каде што се сместени навивачите на Јуве на Олимпико – се вика Scirea.

Го носел бројот 6, за кој навивачите на Јувентус покренаа петиција да му биде доделен на Киелини од наредната година.

Почивај во мир легендо!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!