Тука си: Почетна » За Јуве » Легенди » Џани Ањели

Џани Ањели

Facebook Twitter

Иако не е еден од легендарните фудбалери, Џани Ањели (Адвокатот) е фигура без која никако не би бил Јувентус тоа што е. Централна личност која со самата своја појава го ширеше шампионскиот дух. Најголемите успеси на Јуве се токму во ерата кога на власт беше тој – l’Avvocato!

Роден во Торино во 1921 година, во богато семејство. Неговиот дедо е основач на Фиат. Се школува на Торинскиот Универзитет – правни студии (иако никогаш не се занимавал со тоа). Ја наследува командата на италијанскиот автомобилски гигант во 1966 и го воздигнува во најголемата автомобилска компанија во Италија и една од најголемите во Европа. Ањели претставувал најголемата фигура во италијанската економија и симбол на капитализмот од втората половина на XX век – од многумина наречен и „Кралот на Италија“. Исклучиво интелегентен човек, со одлична смисла за хумор и голема харизма.

Неговиот моден стил инспирирал многу модни трендови, познат по тоа што секогаш носел часовник преку ракавот од кошулата – како негов заштитен знак.

gianni

Она што нас не’ засега е неговата безусловна љубов кон Јувентус. Доаѓа на чело на клубот на 25-годишна возраст, освојува две Скудета (’50 и ’52), a една година подоцна поради огромните обврски, го напушта директното водство на клубот и му го предава на неговиот брат Умберто. Меѓутоа неговото присуство во клубот продолжува да биде огромно. Подоцна е именуван како почесен претседател, и останува така се до неговата смрт. Неговиот ентузијазам и посветеност, овозможија Јувентус да стане најтрофејниот италијански клуб. Неговите легендарни повици до тогашниот претседател Бониперти, секое сабајле во 6:00 (без разлика каде е и што прави), говорат за тоа колку важна појава бил во работењето на Јувентус. Токму тој е авторот на прекарот на Дел Пиеро – Pinturicchio.

Џани Ањели починал во 2003 година поради боледување од рак.

Формула 1 тимот Ферари (кој во сопственост на Фиат), во 2003 година, во негова чест го именуваше болидот F2003-GA

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!