Тука си: Почетна » Вести » Изјави » Енрико Киеза: Пирло е специјалист за слободни
Енрико Киеза: Пирло е специјалист за слободни

Енрико Киеза: Пирло е специјалист за слободни

Facebook Twitter

Поранешниот играч на Лацио и голем „мајстор“ на слободните удари, Енрико Киеза има само пофални зборови за Професорот. Тој за Tuttomercatoweb изјави:

– Андреа Пирло со сигурност е еден од најдобрите специјалисти за слободни удари во моментов, пред се’ поради тоа што го прави на различни начини. Против Фиорентина даде гол кој воопшто не беше лесен. Со поставеноста на живиот ѕид толку близу, тешко е да и’ се даде парабола на топката. Но, погледнете ја поставеноста, тоа ја прави разликата. Начинот на кој го поставува стапалото… Тој е шампион кој со тек на  годините ја „изделкал“ техниката, а не му изостанува и желбата за постојано подобрување.

Подобар јас од Пирло? – Би рекол не, но ми претставува задоволство тоа што ме сметаат за еден од најдобрите шутери на слободни удари. Имав можеби посилен удар од него, но тој има многу поразновиден репертоар.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!