Тука си: Почетна » Вести » Конте и Марота едногласни: “Во Фиренца одиме по победа!”
Конте и Марота едногласни: “Во Фиренца одиме по победа!”

Конте и Марота едногласни: “Во Фиренца одиме по победа!”

Facebook Twitter

По вчерашната тешко издвојувана победа во Џенова, тренерот и генералниот менаџер на тимот се едногласни дека следната цел на клубот е победа во Фиренца и пласман помеѓу осумте најдобри тимови во Европа Лигата.

Фудбалерите почнуваат да делуваат уморно, но само голем тим може да победи како што ние тоа го направивме на овој натпревар, и покрај неколкуте спорни ситуации. Нашата цел е освојување на третото последователно Скудето како подарок за претседателот на клубот. Сега одиме во Фиренца, а целта ни е пласман во следната фаза од Европа Лигата.” – истакна Конте по завршувањето на синоќешниот натпревар.

Сличен е ставот и на Бепе Марота, според кој Јувентус како и на секој натпревар, така и на тој во Фиренца ќе оди на победа и обезбедување на пласман во 1/4 финалето.

Одиме во Фиренца да победиме, тоа е нашата цел. Сеуште не сме елиминирани од натпреварувањето како што некои сугерираат. Кога играме во некое натпреварување, нашата цел е секогаш да стигнеме до неговата завршница.” – заврши Марота.

Извор: juventus.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!