Тука си: Почетна » Вести » Конте предводник на револуцијата кон успех во ЛШ
Конте предводник на револуцијата кон успех во ЛШ

Конте предводник на револуцијата кон успех во ЛШ

Facebook Twitter

Јувентус е сигурен на возачкото седиште во својот болид во обидот да се обезбеди третото последователно Скудето, но нивните погледи не се фокусирани само на оваа сезона.

Иако Серија А и Европа Лигата остануваат клучни цели, клубот сака да се изгради за догледна иднина, а добра вест за тоа е и верноста на Антонио Конте во чие срце се наоѓа само Јувентус.

Клубот е подготвен целосно да се потпре на тренерот, со нов договор и напад на трансфер пазарот предводен токму од самиот Конте.

Иако предходно се најавуваше договор до 2016-тата, разговорите во последните неколку недели се многу попозитивни, според кои постои реална можност за обновување на договорот на Конте до 2017-та, па дури и до 2018-тата година.

Од клубот се подготвени за напад на трансфер пазарот, диктиран целосно од страна на Конте. Според добро информирани извори, тренерот ги доставил до Бепе Марота и Фабио Паратичи имињата на Хуан Квадрадо од Фиорентина и Алесио Черчи од Торино. Со тоа се навестува дека Конте сериозно размислува за промена на системот на игра и со 4-3-3 формација да се пренесе доминацијата од калчото во Лигата на Шампионите.

Најновите случувања укажуваат на тоа дека напорите на останатите тимови, пред се на Монако за ангажирање на Конте, ќе бидат залудни.

Тренерот истакнува дека во Јувентус се чувствува како дома, клуб во кој помина 13 години играчка кариера и сака да биде дел од револуцијата на клубот на долг период во обидот да се намали разликата со најдобрите европски клубови.

Челниците на клубот се согласуваат дека токму Лигата на Шампионите треба да биде во фокусот во наредните неколку години, откако трофејот е далеку од Торино од 1996-тата година, освоен само два пати во историјата на клубот. И покрај моменталната економска состојба во Италија, Јуве е во добра позиција со неколку вистински потези на пазарот да се надева на голем напредок и во Лигата на Шампиони во годините кои доаѓаат.

Иако оваа цел е далеку од едноставна и лесна, постои огромна желба да се продолжи напред од сите инволвирани страни, вклучувајќи го Конте како клучна фигура. Наредните неколку месеци ќе бидат важни за долгорочната иднина на Јувентус, која веќе е испишана доколку не се случат некои неочекувани пресврти. А тоа може само да биде добра вест за тренерот, ‘Старата Дама’ и нејзините фанови!

Извор: Goal Italia

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!