Тука си: Почетна » Вести » Докторе, се двоумам… Или не?
Докторе, се двоумам… Или не?

Докторе, се двоумам… Или не?

Facebook Twitter

Последниве два дена бевме сведоци и се обидовме да ви пренесеме еден од најчудните трансфер преговори во историјата. Хронолошки работите стојат вака:

Мацари, тренерот на Интер има потреба од напаѓач. Му присетува на Вучиниќ и доаѓа до заклучок дека токму тој е вистинскиот избор за неговата екипа. Им кажува на лицата одговорни за трансфер пазарот на Интер, а овие пак испраќаат понуда за позајмица, на која Јуве одговара: Не, ајде да ги трампаме со Гуарин. – Интер се согласува и ги повикува челниците на Јуве во Милано за да ги договорат деталите. По целодневните преговори, и постигнувањето на договор со двајцата играчи, откако Мирко ги поминува лекарските прегледи во Милано, пристигнува бомбата од таборот на непринципиелните Нераѕури: Се предомисливме, нема трампа! Наеднаш и од ведро небо.

Наводно причината за ова повлекување е протестот од навивачите на Интер по социјалните мрежи, па така се поставува прашањето, кој ја води трансфер политиката на Интер? . Под силен притисок од двајцата играчи со нивната придружба, откако Гуарин се заканува дека нема повеќе да се појави на тренинг со тимот на Интер, преговорите продолжуваат утринава. Се прецизираат и најситните детали од зделката и кога се’ се чини готово, стигнува второто „Не“ од Интер. Индонезискиот сопственик од Џакарта повторно ја крева рачната кочница – овој пат како конечен епилог.

Во официјалното соопштение на клубот од Милано стои дека трансферот „не ги задоволува техничките и економските параметри за да биде остварен“. Интересно, сето ова откако Вучиниќ веќе беше пикиран како идеален за нападот на Мацари од самиот Мацари, и уште поважно откако ги помина лекарските прегледи!

Јувентус само кратко искоментира на својот сајт дека е „концентриран на мечот од Тим Купот против Рома и дека во наредниот период ќе ги проучат причините за овој вознемирувачки епилог на преговорите“.

Како заклучок може да се каже дека Јувентус не изгуби апсолутно ништо. Раководството на Интер е тоа кое пред светската јавност изгледа како банда на кловнови. Останува без бараниот напаѓач и уште поважно, останува без еден од своите најдобри поединци – Гуарин. Некој ќе каже, па добро ќе го продадат некаде на друго место… Да, ама по која цена, сега кога јавно изјави дека е незадоволен?

п.с. Forza Mirko! Покажи им на втори февруари!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!