Тука си: Почетна » Вести » Шопинг во Германија. Трап прифати, повторно ‘не’ од Кемф
Шопинг во Германија. Трап прифати, повторно ‘не’ од Кемф

Шопинг во Германија. Трап прифати, повторно ‘не’ од Кемф

Facebook Twitter

Јувентус како и секогаш гледа кон иднината. Посебно со Марота и Паратичи кои секојдневно следат голем број на фудбалери кои можат да значат многу за иднината на клубот.

Во последно време доста атрактивен е германскиот пазар, навидум потценувачки во однос на калчото во минатата деценија, но менаџерски многу поспособен со што успеа да го земе и четвртото место кое води во Лигата на Шампионите.

Од минатото лето често се споменува името на Марк Оливер Кемф. 18 годишниот дефанзивец од Франкфурт според последните најави по втор пат го одбива Јувентус. Бјанконерите во летниот преоден рок постигнаа договор со клубот на Кемф, за кој фудбалерот настапуваше во младинскиот тим. Но, сепак поради возраста играчот одбил трансфер во Јуве и сакал да остане во својата земја.

Сега истото се случува и по втор пат. Фудбалерот преферира да остане во Германија, отколку да не добива шанса во Јуве или да настапува за младинскиот тим.

Наспроти тоа, Јувентус успеал да го договори соиграчот на Кемф од Ајнтрахт Франкфурт. Станува збор за 23 годишниот голман Кевин Трап кој важи за еден од најдобрите во Бундес лигата. Од клубот го сакаат голманот од јули како би можел од следната сезона да работи под менторство на Џиџи Буфон.

Извор: gianlucadimarzio.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!