Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти Јувентус – Рома 05.01.2014
Карти Јувентус – Рома 05.01.2014

Карти Јувентус – Рома 05.01.2014

Facebook Twitter

Натпреварот од 18то коло во Серија А, на Јувентус арената помеѓу Јувентус и Рома ќе се одржи на 05.01.2014 недела, во 20:45 часот (претходниот датум беше 06.01.).

Износот за картите би биле во ранг на дерби натпреварите, досега тоа беше 80 еур на трибината Family. Точниот износ на картите Јувентус го објавува на својата страна на десетина денови пред натпреварот.

Доколку сакате карти за трибините позади головите, потребна е Tessera dello Tifoso.

Резервација на карта се прави со уплата на аконтација од 3100 денари. Рокот за резервација е четврток 12.12.2013 г до 10:00 часот.

Вкупниот износ за картата се доплаќа по објавувањето на цената на сајтот на Јувентус.

Уплатата се врши на нашата жиро-сметка.

Понудата важи САМО за членови на здружението (DOC Members), регистрирани за сезоната 2013/2014. Еден член може да нарача една карта.

Доколку не сте член можете да се зачлените, зачленувањето сеуште трае и повеќе податоци за тоа ОВДЕ.

Бројот на карти е ограничен и со уплатата за карта нема гаранција дека ќе се обезбеди карта. Доколку не обезбедиме карта, парите од аконтацијата се враќаат.

Доколку обезбедиме карта, а потоа се откажете од БИЛО КАКВА причина, парите за аконтација не се враќаат.

Превозот е во сопствена организација, но ЈувентусМК ќе помогне во наоѓање на превоз/сместување.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!