Тука си: Почетна » Вести » Кваљарела: Не смееме да го препуштаме водството на противникот
Кваљарела: Не смееме да го препуштаме водството на противникот

Кваљарела: Не смееме да го препуштаме водството на противникот

Facebook Twitter

Стрелецот на првиот гол за Јувентус Фабио Кваљарела слично како и тренерот Конте го пофали карактерот на тимот по враќањето од резултатската негатива, но истакна дека екипата тоа не смее повеќе да си го дозволи.

“Тоа не е добар знак. Не смееме да продолжиме да им дозволуваме на противниците да доаѓаат во водство. Мора повеќе да работиме на тоа иако во два наврати покажавме карактер и успеавме да го вратиме резултатот во наша корист.”

Во својот 250-ти настап во Серија А Кваљарела успеа да постигне важен погодок за својот тим дури во третиот обид од истата акција. По вечерашната победа во Верона мислите се веќе на неделното дерби против градскиот ривал Торино.

“Морав да шутирам три пати пред топката да ја помине линијата. За среќа таа влезе во голот и не’ насочи кон победата. Сега мислиме на дербито во недела, многу важен меч како за нас така и за фановите. Торино игра добар фудбал и се надевам дека ќе биде одличен натпревар.”

Извор: juventus.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!