Тука си: Почетна » Вести » Ѕаѕа го запре Наполи, Боачи стрелаше против Реал Мадрид (видео)
Ѕаѕа го запре Наполи, Боачи стрелаше против Реал Мадрид (видео)

Ѕаѕа го запре Наполи, Боачи стрелаше против Реал Мадрид (видео)

Facebook Twitter

22 годишниот напаѓач Симоне Ѕаѕа кој е во ко-сопственост помеѓу Јувентус и Сасуоло со голот во 20-тата минута успеа да израмни на 1:1 и да му донесе голем бод на својот тим од гостувањето на Сан Паоло во Неапол.

Младиот напаѓач сезонава го постигна својот втор гол во Серија А со кој го обезбеди првиот бод за тимот на Сасуоло во петтиот натпревар во лигата.

Екипата на Сасуоло по пет кола е ‘закована’ на дното на табелата со само еден освоен бод и гол разлика 2:16, а токму Ѕаѕа е стрелец на двата и единствени голови за својот тим сезонава.



Во Шпанија пак малку фалеше Ричмонд Боачи да биде херој на својот Елче и да му донесе бод во натпреварот на домашен терен против екипата на Реал Мадрид. Боачи во 92-та минута од натпреварот успеа да израмни на 1:1, но во следната акција на ‘кралевите’ беше досуден сомнителен удар од белата точка по што гостите славеа триумф со 2:1.

За Боачи кој е во ко-сопственост на Јувентус и Џенова ова е втор погодок сезонава во примера, по оној на гостувањето кај Алмерија во дебито за својот нов тим.

 



Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!