Тука си: Почетна » Вести » Конте: Тимот покажа карактер што говори за нашиот квалитет
Конте: Тимот покажа карактер што говори за нашиот квалитет

Конте: Тимот покажа карактер што говори за нашиот квалитет

Facebook Twitter

Тренерот на Јувентус истакна дека неговите фудбалери покажале вистински карактер со преокренувањето на резултатот во нивна корист по водството на домашните на вечерашниот натпревар на Бентегоди во Верона.

Според Конте враќањето од негативата како што беше случај во последните два натпревари говори за квалитетот кој го поседува неговиот тим.

“Минуваме низ специфичен период. Буфон беше само ‘нем гледач’ се’ додека не примивме гол и повторно се најдовме во негатива. Да се продолжи со ‘ладни глави’ и да се сврти резултатот како што направивме во последните два натпревари значи дека тимот има значаен квалитет.”

“Домаќините беа добро организирани денес. Одигравме добро во фазата на одбраната и се заштитивме од нивните контра напади, но во нападот особено во првото полувреме игравме само со неколку фудбалери. Тоа е нешто што може да се случи, ова е четврти натпревар во низа и шести за оние кои имаа репрезентативни обврски, а со ротацијата менувавме и многу фудбалери.”

Конте признава дека голот на Палоски кој беше поништен поради офсајд беше регуларен, притоа напоменувајќи дека доколку во иднина има слична ситуација која ќе биде на штета на неговиот тим ќе ја прифати со истото спортско однесување како што тоа вечерва го напрвави тренерот на домаќините.

“Денес имавме ситуација која беше во наша корист, но во иднина би можеле да имаме иста таква која ќе биде против нас и одлуката ќе ја прифатиме спортски како што тоа го направи тренерот Санино.”

Извор: juventus.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!