Тука си: Почетна » Вести » Карти за дуелите на Јувентус со Реал Мадрид и Милан

Карти за дуелите на Јувентус со Реал Мадрид и Милан

Facebook Twitter

Здраво на сите!

Добивме многу прашања во врска со дуелите на Јувентус со Реал Мадрид во Лигата на Шампионите и Милан во Серија А, па еве неколку корисни информации:

Сите карти кое се купуваат преку нашиот фан клуб се САМО за членови на истиот. Картите се персонализирани (со отпечатено име и презиме на самата карта), па затоа не може да се купи карта за некој што не е член. Зачленувањето е во тек и сите детали можете да ги видите ОВДЕ.

За самите натпревари веќе во цела Италија постои огромен интерес, така да никој не може да знае колку карти воопшто можат да се купат, а камо ли да се гарантираат картите. Исто така ни цените не се одредени за овие натпревари!

За да може да се испрати барање за вас кон Торино, потребно е да се уплати аконтација од 50ЕУР, со оглед на тоа дека Јувентус не одобрува безусловно откажување од бараните влезници!

Доколку не сме во можност да ја обезбедиме бараната влезница или цената надминува 100 ЕУР, аконтацијата се враќа. Секој член може да поднесе барање за САМО ЕДНА влезница!

Организриано патување на натпреварите нема да има, но максимално помагаме на сите членови кои одат на натпреварите, заеднички или поединечно најлесно да се снајдат во Торино.

Пријавите и дополнителни прашања испратете на е-маил fanclub@juventusmk.com или во порака на нашиот Facebook профил.

 

FORZA JUVE PER SEMPRE!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!