Тука си: Почетна » Вести » Љоренте: Продолжувам со работа за враќање во топ форма
Љоренте: Продолжувам со работа за враќање во топ форма

Љоренте: Продолжувам со работа за враќање во топ форма

Facebook Twitter

Фернандо Љоренте конечно доби шанса за настап во тимот на Јувентус и максимално ја оправда добиената доверба од тренерот Конте. На натпреварот против Верона го постигна вториот погодок за бјанконерите, негов прв во дресот на Јувентус што значеше и победа од 2:1 над екипата на Верона.

Љоренте е среќен поради голот и укажаната шанса за настап, иако како што истакнува не очекувал да постигне погодок во првиот натпревар за тимот.

“Не очекував погодок на моето деби. Среќен сум поради голот и придонесот кој го имав во победата на тимот.”

И покрај постигнатиот погодок Љоренте е свесен дека сеуште ја нема достигнато вистинската форма за што е потребно повеќе време, пред се’ поради едногодишното отсуство од терените во минатата сезона.

“Нормално е  дека е потребно повеќе време за достигнување на потребната форма и знаев дека ќе треба да работам напорно за тоа, посебно поради фактот што ја пропуштив минатата сезона.”

“Покрај тоа што требаше да се преселам и да го научам италијанскиот јазик, адаптацијата на нова средина воопшто не е лесна за никој фудбалер. Се чувствувам одлично тука и чувствувам дека тренерот има доверба во мене. Сепак, треба да продолжам со работа за да се вратам во врвната форма.”

Извор: www.juventus.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!