Тука си: Почетна » Вести » Алесандро Дел Пиеро се сеќава … пред 20 години
Алесандро Дел Пиеро се сеќава … пред 20 години

Алесандро Дел Пиеро се сеќава … пред 20 години

Facebook Twitter

По повод 20 годишнината од првиот гол во дресот на Јувентус во Серија А, Алесандро Дел Пиеро денеска на социјалните мрежи направи ретроспектива на настаните од 19 Септември 1993 година кога го постигна својот првенец во дресот на “Старата Дама”.

19/09/1993 8:40 – будење во Вилар. На ништо не се мисли денес, само на мечот Јуве – Реџана. Јас ќе бидам на клупата за резерви. Следува појадок …

19/09/1993 10:45 – средбата со Џани Ањели во неговата резиденција во Вилар е одложена. Тој е зафатен поради посетата на Торино на Раиза Горбачова …

19/09/1993 11:30 – се јавувам дома: “Мамо, тато! Среќна годишнина од бракот. Ќе зборуваме по мечот” …

19/09/1993 12:00 – ручек и заминување за Торино. Трапатони го состави тимот. Во нападот ќе играат Раванели, Баџо и Мелер. Јас ќе го носам дресот со број 16 …

19/09/1993 14:20 – автобусот речиси пристигна на Деле Алпи. Возбуден сум знаејќи дека во соблекувалната ме чека мојот дрес …

19/09/1993 15:00 – тимот на Реџана: Сардини, Торизи, Занута, Акарди, Згарбоса, Де Агостини, Морело, Скиенѕа, Екстроем, Пикасо, Падовано.

19/09/1993 15:00 – тимот на Јувентус: Перуци, Карера, Фортунато, Мароки, Колер, Цезар, Ди Ливио, Конте, Раванели, Баџо, Мелер.

19/09/1993 15:45 – еве го дресот

 BUh7DF6CcAAZxk-

19/09/1993 16:00 – мечот започнува. Јас сум на клупата, што е голем успех за мене. Се надевам дека моето време ќе дојде …

19/09/1993 17:35 – по головите на Раванели и Мелер, погодува и Баџо. Победата е осигурана …

19/09/1993 17:38 – Трапатони гледа во мене, бара да влезам во игра. Дојде мојот момент: Раванели излегува од игра, јас дебитирам во Торино …

19/09/1993 17:40 – Ди Ливио оди напред, центрира кон мене. Оставам топката да ма прескокне, се приближувам кон противничкиот гол, удар со левата нога и ГООООЛ!

19/09/1993 17:41 – во прегратка на моите соиграчи. Баџо ме “крштева” по мојот прв гол во Серија А …BUiYYYNCMAAtedS

19/09/1993 17:50 – Јувентус : Реџана 4:0 – Раванели, Мелер, Баџо, Дел Пиеро. Мојата приказна започна, пред 20 години. Една љубов!

19/09/1993 19:00 – интервју по мојот прв гол. Со микрофонот на Мариела Ширеа, сопругата на големиот Гаетано …

Извор: www.alessandrodelpiero.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!