Тука си: Почетна » Вести » Евро гол на Габиадини. Боачи и Ѕаѕа исто така стрелци(видео).
Евро гол на Габиадини. Боачи и Ѕаѕа исто така стрелци(видео).

Евро гол на Габиадини. Боачи и Ѕаѕа исто така стрелци(видео).

Facebook Twitter

Иднината е осигурана кога станува збор за нападот на Јуве. Изминатиот викенд беше плоден за тројцата најперспективни напаѓачи од кои се очекува за неколку години да бидат главната ударна сила во нападот на “Старата Дама.”

Прв уште во Петокот започна Ричмонд Боачи кој иако само два дена предходно пристигна во екипата на Елче сепак успеа да го спаси од пораз својот тим на гостувањето кај екипата на Алмерија (2:2) откако доби шанса за настап во 63-тата минута од натпреварот.


 

Слично беше сценариото и на натпреварот помеѓу Болоња и Сампдорија (2:2) во кој Маноло Габиадини со евро гол од слободен удар од 30 метри донесе бод за екипата на Сампдорија на гостувањето кај својот поранешен тим.


 

Иако беше стрелец на гол сепак малку причини за радост има Симоне Ѕаѕа чиј тим беше демолиран на домашен терен од екипата на Ливорно со 1:4. Ѕаѕа успеа само да го израмни резултатот по што следеше катастрофа на Сасуоло.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!