Тука си: Почетна » Вести » Два натпревари од рекордот, три натпревари од историја. Џиџи Буфон!
Два натпревари од рекордот, три натпревари од историја. Џиџи Буфон!

Два натпревари од рекордот, три натпревари од историја. Џиџи Буфон!

Facebook Twitter

Легендарниот голман и капитен на Јуве и италијанската репрезентација Џиџи Буфон го делат само два натпревари од изедначување на рекордот од 136 настапи за италијанската репрезентација кој е во сопственост на Фабио Канаваро.

Случајно или не, токму овој рекорд доколку се’ биде во најдобар ред Буфон ќе го израмни на стадионот на Јувентус на 10 Септември кога Италија ја пречекува репрезентацијата на Чешка во Торино.

“Сигурно ќе биде убаво тоа, задоволувачки, затоа што 16 години сум дел од националниот тим од кои цели 15(од 1998-та) сум прв голман” – истакна Буфон.

Најдобриот светски голман во последните 25 години овој рекорд може да го сруши на 11-ти Октомври годинава кога репрезентацијата на Италија гостува во Данска во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил и официјално да стане фудбалер со најмногу репрезентативни настапи во историјата на италијанскиот фудбал.

 

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!