Тука си: Почетна » Вести » Свечено отворен “Legends Club” на Јувентус Арената
Свечено отворен “Legends Club” на Јувентус Арената

Свечено отворен “Legends Club” на Јувентус Арената

Facebook Twitter

Во Саботата пред почетокот на натпреварот против Лацио беше свеченото отворање на “Legends club”, сместен на западната трибина на Јувентус Арената.

Наменет за оние со префинет вкус кои сакаат малку повеќе луксуз за време на натпреварите на својот омилен тим. Клубот истовремено овозможува следење на натпреварите од привилегирана положба и ужување во одлични јадења со избрани состојки од најдобрите производи достапни во Италија.

На отварањето на клубот покрај комплетниот врв на Јувентус присуствуваа и поранешни легенди на Јуве меѓу кои беа Бетега, Торичели, Ферара, Јулијано, Каморанези и многу други.

 

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!