Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за Јувентус арена – преку ЈувентусМК
Карти за Јувентус арена – преку ЈувентусМК

Карти за Јувентус арена – преку ЈувентусМК

Facebook Twitter

Сакате да го остварите сонот и да се најдете на Јувентус арената на натпревар од Серија А или Лигата на Шампионите?

Тоа не е никаков проблем, доколку сте член во официјален DOC клуб на навивачи.

ЈувентусМК е официјален DOC фан клуб, регистриран во Координативниот центар на сите фан клубови на Јувентус во Торино, регистрирани и како правен субјект (здружение на граѓани) во Р. Македонија.

Минатата сезона, повеќе од 20-ина среќници преку нашето здружение набавија карти и присуствуваа на натпреварите против Сиена, Киево, Милан, Палермо, а во Лигата на Шампионите со Челзи, Селтик и Баерн.

Картите здружението ги добива во предпродажба по регуларни цени објавени на страницата на Јувентус и без никакви потешкотии, навивачите се наоѓаат на Јувентус арената. Доколку се обидете преку други опции од различни веб страници, картите ќе ги платите по поскапи цени затоа што во редовна продажба преостануваат многу малку (за дерби натпревар ни толку), тоа што се продава е само преку препродавачи.

Карти за натпревари од Лигата на Шампионите (за Јувентус арената, но и за гостувањата) се вистинско богатство, но преку нашето DOC членство не е проблем да се дојде до карта.

ЈувентусМК оствари блиски контакти со навивачките клубови од регионот – Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Словенија и на тој начин само ја зголеми понудата на карти за натпреварите.

Без разлика дали планирате да одите есенва или во пролетниот дел, членството мора да се регистрира во овој период. По регистрацијата, ќе добивате понуди за карти за СЕКОЈ НАТПРЕВАР и треба навреме да се пријавите за да си ја резервирате својата.

Членството можете да го остварите до 30. септември и притоа ќе добиете официјална членска картичка и подарок од DOC централата.

Повеќе детали за членството имате овде

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!