Тука си: Почетна » Uncategorized » Матри ќе размисли за понудата од Наполи
Матри ќе размисли за понудата од Наполи

Матри ќе размисли за понудата од Наполи

Facebook Twitter

Алесандро Матри ќе размислува неколку дена за евентуален трансфер во Наполи, откако Јувентус наводно ја прифатиле понудата од 12 милиони евра.

Напаѓачот е ставен на трансфер листата на Јувентус, откако летово беа донесени Тевез и Љоренте.

Имаше вести дека за Матри беа заинтересирани Милан, Евертон и Ливерпул, но SportMediaSet сега тврди дека Наполи се најконкретни.

Јуве сакаа да заработат 15 милиони евра од продажбата на Матри, но вестите се дека тие ја прифатиле понудата од 12 милиони евра од Наполи.

Се шпекулира дека Матри ќе размислува неолку дена дали да го прифати овој трансфер.

Наполи бараат уште еден напаѓач по доажањето на Гонзало Игуаин, но не успеаа да ги донесат Џексон Мартинез од Порто и Абел Хернандез од Палермо.

 

Извор: football-italia.net

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!