Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за Интер – Јувентус 15.09.2013
Карти за Интер – Јувентус 15.09.2013

Карти за Интер – Јувентус 15.09.2013

Facebook Twitter

ЈувентусМК обезбедува карти за гостувањето на Јувентус во Милано на Џузепе Меаца против Интер на 15 септември 2013г.

Цената на картите е 50 ЕУР (3100 денари) за регистрирани навивачи – DOC. Картата е за гостинската трибина, односно со навивачите на Јувентус.

Превозот е во сопствена режија, но ЈувентусМК ќе помогне во заедничко организирање на патниците – со размена на контакти и совети за превозот и сместувањата.

За да можете да купите карта, мора да се сте DOC член, а ЈувентусМК е DOC фан клуб во кој можете да се зачлените.

За зачленувањњето се уплаќа 1600 денари, пополнете ја и пријавата од нашата страница за члентсво и скенираните пријава и уплатница испратете ги на нашата е-маил адреса: fanclub@juventusmk.com 

Уплатата во денари (одеднаш за картата и членството, вкупно 4700 денари) извршете ја на жиро-сметката која е запишана на пријавата за членството.

Доколку не добиеме доволен број на карти, износот ќе ви биде вратен во целост. Приоритетот за доделување на карти (во случај на недоволен број добиени карти) имаат оние кои побрзо ќе уплатат/пријават.

Краен рок за пријавување е 30. август 2013г.

Доколку имате прашања, испратете ги на е-маил адресата или контактирајте не` на нашиот Facebook профил.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!