Тука си: Почетна » Вести » Официјално: Анџело Огбона потпиша за Јуве!
Официјално: Анџело Огбона потпиша за Јуве!

Официјално: Анџело Огбона потпиша за Јуве!

Facebook Twitter

Официјалниот сајт на Јувентус објавува:

- Италијанскиот репрезентативен играч од одбраната, Анџело Огбона денес премина од Торино во Јувентус.

25-годишниот фудбалер, чии импресивни настапи за клубот му овозможија место во составот на Прандели за ланското Европско првенство, потпиша пет годишен договор кој ќе го врзе со Бјанконерите до 2018 година.

Јувентус ќе плати 13 милиони евра за правата за фудбалерот, кои ќе бидат исплатени во текот на следните три години.

Цената може да порасне за дополнителни 2 милиони ако Огбона постигне одредени спортски цели кои се договорени помеѓу двата клуба.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!