Тука си: Почетна » Вести » Огбона пристигна на медицински прегледи
Огбона пристигна на медицински прегледи

Огбона пристигна на медицински прегледи

Facebook Twitter

Анџело Огбона ја започнува својата авантура во Јуве. Утрово, малку после 8 часот, како што јавува Скај Спорт, пристигна во клиниката Fornaca во Торино и започна со извршувањето на медицинските прегледи.

Му се придружија и тимскиот менаџер Matteo Fabris и Luca Casassa од медицинското оделение. Огбона се појави со насмевка на неговото лице, а веднаш по медицинските прегледи сега веќе поранешниот играч на Торино ќе замине во Институтот за спортска медицина кој се наоѓа во Стадионот Олимпико, на физички тестови. Веднаш потоа ќе им се придружи на своите нови соиграчи во Chatillon, седиштето за летните припреми на италијанскиот шампион.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!