Тука си: Почетна » Вести » Паван (ТутоЈуве): Дресот број 10 е тежок, се надеваме дека Тевез ќе го заслужи
Паван (ТутоЈуве): Дресот број 10 е тежок, се надеваме дека Тевез ќе го заслужи

Паван (ТутоЈуве): Дресот број 10 е тежок, се надеваме дека Тевез ќе го заслужи

Facebook Twitter

Масимо Паван (уредникот на најголемиот портал за Јувентус, Тутојуве), вечерва на тв каналот Sportitalia  ја коментираше одлуката на Јуве да му го додели бројот 10 на Тевез:

- „Сите ние добро ја знаеме важноста на тој дрес, бројот десет кој беше на грбот на Алесандро Дел Пиеро. Сите мора да му бидеме благодарни на Дел Пиеро за она што го направи, а за било кој играч ќе биде неверојатно тешко да го постигне она што го постигна тој. Но понекогаш мора да се движиме напред, иако е тешко да се стават чувствата на страна. Дресот број 10 на Јувентус е тежок дрес, Дел Пиеро остави тешко наследство и потребна е личност со широк грб за да го носи. Сите се надеваме дека Тевез е правиот човек за тоа, способен да ја поднесе таа тежина, искуството го има.

Навивачите бараат од него да се покаже во право светло, да го остава срцето на терен и да покаже дека го заслужува дресот. Клубот ја превзема одговорноста за оваа одлука, притоа правејќи одличен маркетинг потег. Навивачите се поделени околу ова прашање, а можеме да дебатираме уште долго време, но мора да се спомне една работа: навивачите бараат шампиони, тогаш мора да се одлучат. Јувентус мора да собира средства за да ги купува тие шампиони, а Десетката на Тевез служи и за тоа, да се создаде ентузијазам, да се продаваат дресови и да се прави бизнис, повеќе приходи = повеќе шампиони во тимот, тоа е еден круг кој се врти“ – објаснува Паван.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!