Тука си: Почетна » Слајдер » Тевез е Јувентино! Ја доби 10-ката | Анкета: се согласувате со изборот на број?
Тевез е Јувентино! Ја доби 10-ката | Анкета: се согласувате со изборот на број?

Тевез е Јувентино! Ја доби 10-ката | Анкета: се согласувате со изборот на број?

Facebook Twitter

Денес е голем ден за навивачите на Јуве – конечно пристигна долгоочекуваниот играч од светска класа, играч кој ќе овозможи Јувентус да има убиствен напад. Трансферот на Карлос Тевез е окарактеризиран како ремек дело на Марота од повеќе експерти од фудбалскиот свет. Само 9 милиони евра (+3 бонус, во наредните три години ако Јуве се квалификува во ЛШ) за одличниот Аргентинец е фантастична зделка.

Мала поделеност кај навивачите предизвика доделувањето на 10-ката. Токму бројот на Дел Пиеро, Платини, Бониперти, Сивори… ќе го наследи Карлитос. Тешка задача ќе има Апачито да ја носи тежината на тој свет дрес, но од друга страна ги има и потребните карактеристики за да го оствари токму тоа.

Управата не треба да се осудува за овој потег затоа што од една страна, самиот Дел Пиеро инсистираше да не се повлекува „неговиот“ број, а од друга страна маркетиншкиот момент мора да биде запазен во оваа економска криза. Очигледно управата смета дека дресот со број 10 ќе се продава, па така Тевез практично сам би се исплатил.

На крајот на краиштата се работи само за еден обичен број, важно е кој го носи, а ликовите како Алесандро Дел Пиеро се неповторливи.

Карлитос Тевез – Добредојде во Јувентус!

.
Се согласувате Тевез да ја наследи 10-ката?

 

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!