Тука си: Почетна » За Јуве » Да не се заборави – Хејсел 29.05.1985
Да не се заборави – Хејсел 29.05.1985

Да не се заборави – Хејсел 29.05.1985

Facebook Twitter

Денес се навршуваат 28 години по несреќата на Хејсел стадионот, каде 39 фудбалски навивачи ги загубија животите.

На 29. мај 1985 година се случи една од најголемите трагедии, на финалето на Купот на Европа каде играа Јувентус и Ливерпул.

Вкупно 39 навивачи на Јувентус загинаа и  600 беа повредени, кога беа притиснати кон ѕидот на Хејсел стадионот во Брисел.

Јувентус го објави ова сеќавање на својата веб страница

„Фудбалскиот клуб Јувентус денес се сеќава на 39те невини жртви од садионот Хејсел во Брисел. На 29. мај 1985 година во финалето на Купот на Европа помеѓу Јувентус и Ливерпул, на настан на кој требаше да се слави фудбалската игра, се случи една од настрашните трагедии во историјата на спортот.

Пред да започне натпреварот, англиските хулигани предизвикаа насилен напад кон навивачите од Италија.

Објектот страдаше од сериозни структурни оштетувања и секторот З попушти во налетите на навивачите на бјанконерите кои бегаа од нападите при што загинаа 39 лица и 600 беа повредени.

За да се спречат понатамошни нереди, официјалните лица се одлучија натпреварот да се одигра, но самиот натпревар, ниту резултатот на крајот, никогаш нема да ги избришат трагичните сцени на сите кои беа сведоци.

Оттогаш, денешниот ден, 29. мај е ден за билка, молк и размислување.

Трагедијата од Хејсел и жртвите никогаш нема да бидат заборавени и имаме за секој од нив по една ѕвезда на нашиот нов дом, Јувентус арената.

Посебна посвета се наоѓа и во музејот на Јувентус, каде семејствата на жртвите во секој момент можат слободно да присуствуваат и да им оддадат почит.

Сепак овие наши гестови не се однесуваат само на оние кои починаа. Тие служат како потсетник, за сите.

Секој од нас има должност да се сеќава дека таквото бесмислено насилство никогаш повеќе не смее да случи. Никогаш повеќе.“

 

извор: juventus.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!