Тука си: Почетна » За Јуве » Легенди » Џанлука Песото
Џанлука Песото

Џанлука Песото

Facebook Twitter

Џанлука Песото е роден 11ти август 1970 година. Кариерата ја започнува во Варезе 1989 година.
Во Јувентус пристигнува 1995 година. Неговата природна позиција е централен дефанзивец, но лесно се вклопуваше и како играч од средината , често пати  и бек. Во Јуве бележи околу 250 одиграни натпревари на кои има постигнато 2 погодоци.

Тој учествуваше во некогаш најдобрата одбрана во светот, заедно со ФерараТурамБиринделиЗамбротаКанавароМонтеро.
Исто така има играно и со Џорџо Киелини при залезот на неговота кариера.

Песото со Јувентус има освоено буквално се’.  Има одиграно дури четири финалиња во Лигата на Шампионите. За жал се радуваше на само еден пехар од истото наптреварување. Освен овој пехар, Песото има освоено и: 6 Скудета, 4 Супер Купови на Италија, Купот на Италија, Уефа Супер Куп,Интерационалниот пехар во 1996 и Интертото Купот во 1999.

Кариерата ја завршува во Јувентус, како што му доликува, со пехар во 2005/06 сезоната.
Денес Песото е дел од тренерите на младинската школа во Јувентус. Среќно легендо!

Напиша : Tеодор Николовски

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!